Политика на приватност

Овој документ ги опишува нашите политики и процедури за користење на Вашите информации кога ги користите услугите на altrasat2000.mk и Ве информира за Вашите права на приватност и како законот Ве штити. Алтрасат 2000 не создава само клиенти туку и пријатели, и токму затоа постојано внимава и се грижи за податоците кои ги остава клинетот на нашата веб страна. Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги користиме при Ваша посета на altrasat2000.mk, како и на кој начин тие се користат. Исто така, Ве информира како може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци. Оваа Политика е во согласност со Правилата за заштита на личните податоци.

Како Алтрасат 2000 ги користи Вашите податоци?

Алтрасат 2000 може да ги користи Вашите информациите за да Ви овозможи online плаќање на услугите на Алтрасат 2000 и да Ви овозможи непречена комуникација со тимот.
Информации кои ги собира Алтрасат 2000 при посета на веб страната се:
   • Информации кои не се лични. Податоци кои содржат технички информации за Вашето користење на услугите и содржините кои ги гледате на веб страната, податоци за Вашата IP адреса, доменот и уредот. Податоци кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се Оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл. Алтрасат може да запише информации во форма на „Колачиња“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. Сите информации кои се чуваат во форма на „Колачиња“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена.
   • Информации со кои Вие се идентификувате при користење на производите и услугите на altrasat2000.mk, односно податоци кои Вие самите ги доставувате и сте согласни да ги користиме. Вашите лични податоци (како е-пошта, име и презиме или телефонски број) нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи
утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа. Вашите лични податоци нема да се отстапуваат на трети страни.

Податоците околу online плаќањето односно, кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Стопанска банка со цел наплата на фактури преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на фактурите е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Стопанска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Алтраст 2000 ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со Вашата картичка или Вашата сметка во банка.

Прашања поврзани со Политиката на приватност на Алтрасат 2000

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на altrasat2000.mk при користењето на нашата веб страна, Ве молиме контактирајте нè на: contact@altrasat2000.mk